my way
This is my way of seeing things around us.
 

Подиум


Реткост е да најдеш добар подиум во нашите клубови. А и да го најдеш, ретко кој го 'удостојува' со играње. Се чека нова година, кандидатура за ЕУ, и слични без-везе настани за да се расположат сите. Најчеста слика на какви-таквите подиуми е дремење простум, држење пијачка и м`рдање со главите. Аманте луѓе! Малкуте кои играат се објекти на потсмев! Не е битно како игра некој. Важно му е убаво. Не е секој диско крал/ица. Музиката е таа. Стилови милион, ама на сите може да се 'одлепи' со играње. Повикувам на враќање на играњето на подиум!




И сега шо прајме?

Тамам ќе заборавиш на нешто, и ќе почне да бледее интересирањето за него, и оооооп ќе се случи нешто друго што ќе те потсети на она првото.
MTV Adria кај и да е ќе избере нови водители, меѓу кои и македонец/ка. Браво. Супер.
Ама......на прес конференцијата во Скопје, еден тип од тимот на MTV Adria, мислам дека беше продуцент, но не сум сигурна затоа не земајте го ова здраво за готово, рече "не бараме веќе познати личности од вашите земји, како што не баравме и од другите. Бараме некоја сосема нова фаца!"
ОК ама и двајцата македонски кандидати (Петар Ѓошев од Томато и Дени Џидрова од Антена 5) се "веќе познати фаци". Ништо немам против Петар и Дени, но нешто не штима во MTV Adria!
Како и да е, пред некое време напишав и за коментарот на еден од водителите на Антена 5 за MTV Adria (види малу подолу).
Значи овој Adra MTV филм функционира, барем кај нас, на начин-кажи нешто, па побиј се самиот! Или мене така ми личи, а?




Коса


Да имаш долга и убава коса значи и да бидеш на утешното трето место на топ-листата на мажите. Првите две места се резервирани за градите и задникот. Значи, ние две влегуваме во таа категорија, бидејќи за жал, првите два атрибути, не ги поседуваме во голема мера. Не се жалиме! Си ја имаме ние косата, и тоа не оној тип на shiny, тазе фарбана со најновиот изум на L`Oreal и испеглана (дома со пегла или “професионално” во салон), туку коса од видот на рустикално- банту-варварско-бушав карактер. Со други зборови, чешел...чат-пат!
Сања: Никој не ми верува дека локните (како оние во барок) се природни. Дури ме застанувале по улица да ме прашаат кај кој стилист сум го правела фризот?! Да не зборувам па за вратарите во клубовите. Стандард: со поглед на сериски убијци ме застануваат на врата “демек” да почекам и се избацуваат со прашањето: Еј, девојко, имаш многу интересна коса (шмекери, нема што)! Барем ме препознаваат наредниот пат кога сакам да влезам негде.
Мери: Ме викаат банту црнче, бушавко, а јас си мислам дека најмногу личам на глуварче (вид цвеќе). Не веруваат дека ова на главата ми е природна коса. “Нема шанси!”, викаат и потоа следи рачно испитување од нивна страна дали косата ми е природно бушава или не. Секој втор ме прашува “шо ти текна ладна фризура да правиш?” Каква ладна луѓе!!! Таква ми е! И си ја сакам, да ви кажам право. Многу луѓе имаат мерак да ми ја испеглаат косата, ама јас им велам “њет и точка”!
Е сега да направиме еден историски пресек. Во древниот Египет жените ја носеле косата залепена за главата (залижана), а за свечености додавале црни локни и разни златни украси во косата. Класичната Гркинка ја носела косата долга и зафатена нагоре во т.н. пунџа, како Јованка Броз. Се фарбала црвена, а за украс на косата прскала златеста пудра. Римјанките први почнале да се интересираат за т.н. hair style. Тие биле “плавуши”, почнале да носат перики наравени од косата на робовите, а нај-cool фризура биле локните и високо креаната коса. На ориенталниот исток, традиционално жените ја криеле косата во јавност со разни фереџиња. Значи, немаме абер шо мода терале под превзот. Ама затоа имале модерни фереџињата и изгледале ептен мистично и секси за нивните мажи.
Немажените Кинески ја носеле косата прицврстена со украсни стапчиња во јазол. Фројдовски ова би значело: очајна по секс, секс, секс... Јапонските гејши, пак, три саати поминувае во подготвувањето на косата. Кој би рекол дека Јапонците толку се палат на убаво средена коса.
Еве ги сега нашите фризури. Во Афричките племиња жените или ги бричеле косите, или ја оставале да расте во наш стил. А на нивните традиционални журки, кога сакале да се направат јаки женски, ги плетеле во традиционални плетенки. А индијанките имале долги коси, најчесто рамни. Мажите не се палеле по виткани коси (значи, ние не сме за таму), ама пердувот на косата играл голема заводничка улога. Шо поубав пердув то појака женска. Не знаеме сега домородците како ќе реагираат на пердувите со актуелниов причји грип.
Европска ренесанса: овие госпожи трпеле огромна болка за да изгледаат убаво. Имено, колку што можеле повеќе ги кревале косите високо над челото, понекогаш дури и ги бричеле првите влакна од косата, само за да им се гледа челото! И дамиве седеле што подолго на сонце за да им се осветли косата. “Свашта”!
Во18 век доаѓа комбинацијата на виткана коса со украсни локни (види ја Сања и јасно ќе ти биде). Бучните дваесетти ја донесоа кратката и брановидната фризура ознака за независните жени, а таквата била in и во четириесеттите. Тешки за косата беа педесеттите заради разно-разните препарати (лакови, гелови, фарби, итн. итн.). Логично, тогаш започнува панк ерата, ама никој не ги забележа тогаш. Во шеесеттите комплексните фризови биле дефинитивно out (повторно наша ера). Жените станале кариеристки и им требала коса која брзо ќе ја средат. Следи хипи ерата. Урааа!!! Долга, слободно пуштена и природна се епитетите на косата во седумдесеттите. Цвет на глава и живи го животот како сакаш ти, а не другите.
Осумдесеттите (се родивме ние две) продолжуваат со слободата во креирањето на фризурите: долга, кратка, фарбана, (не)средена, сукана, ексцентрична... секаква. А, деведесеттите ја донесоа окупацијата со изгледот на косата. Бум на “плавуши”. Косата е веќе секс елемент на секоја жена.
Денес? Ама знаете веќе и сами која фризура е во мода, нели? Се среќава од секој горе опишан период по нешто.
Ете, косата е дел од човекот во секој дел од историјата. Кој каква фризура има, на крај, и не е многу важно. А мажите?! Тие нека се позанимаваат малку со нивната коса, а не со градите, задникот и косата на жените.

(Текстот е претходно објавен во неделникот Форум плус. Автори се Сања и јас)




Пуфи




Новогодишно прашање

Како ќе ја украсите елката?




Топ блог реклама

Сакате вашиот блог да биде читааааан!!!!!?????????
Сакате на вашиот денешен пост да имате 11 коментари за 5 минути!!!!!!!!!!!!?????????
Решението е пред вас. Напишете нешто против Ивица, и само за 5 минути ќе ги почувствувате резултатите.
"Кога ми зборуваа,јас не верував. Пробав и ми успеа", вели Dwr Budr.
Специјална понуда. Пробајте уште веднаш и без проблем ќе добиете коментар - подарок од мене!




Временска прогноза

Да дајт Господ, на лето снегој да не затрупет (ова е за оние шо им се бендисвит времево денојве)!




Го фанаа

URG - UAPSEN ANTE GOTOVINA

Kanarski Ostrovi, 8 dekemvri (MIA) - Hrvatskiot general Ante Gotovina e uapsen deneska na Kanarskite Ostrovi. Vesta ja prenesuva dopisnikot na MIA od Madrid, a e potvrdena i vo Hag od glavniot obvinitel na Hashkiot tribunal Karla del Ponte.

Не можев а да не ја објавам оваа вест :)




Свежина

Уш еден блогер, свежина во блог сферата




mary

...сакам да ги гледам нештата околу нас на необичен начин...

ПОСТОВИ
Писмо
Ало?!
Кловнови
Дожд
Одмор
ЕНЅЕРО
New York, New York...
ВИСОКАТА ПУСТИНА
Чудна тишина
Три Америки

АРХИВА
April 2005
May 2005
June 2005
July 2005
August 2005
September 2005
October 2005
November 2005
December 2005
January 2006
February 2006
March 2006
April 2006
May 2006
June 2006
July 2006
September 2006
October 2006
November 2006

БЛОГОВИ
Site blogovi zaedno
Ивица
Бобан
moonwatcher
Овчарот
Букаро
Лала
Dwr Budr.
Македоблог
Ania
Moby
Panta Rei
Комуникации
Загор правникот
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Калина
Etna
Daydream
Злобникот
Попек

ЛИНКОВИ
Најди
Blogger
Википедија
Блогерај

E-MAIL

sivjache@yahoo.co.uk