За Солт Лејк Сити знаев многу малку (дека таму има Солено Езеро, за Зимската олимпијада во 2002 г., НБА-тимот Јута џез... и дека таму живеат мормони, христијани од посебна црква, со чудни сфаќања за нештата - меѓу нив "забрането пиење кафе, чај и кока-кола" или, пак, "полигамијата е ОК" - кои не ги сфаќам ни јас, но тоа е). Како и да е, еве ме мене над градот. Од една страна снежните Васач pланини, а од другатата големото Солено Езеро. Чудна убавина, осум пати посолена од океанот. Само што слетав на аеродромот, почувствував поинаква Америка од онаа во главниот град. Питоми и насмеани луѓе, кои како да не му ја мислат многу на работата. Опуштена атмосфера. Се движам низ улиците кон хотелот, со црвено такси на чии врати пишува Уте. Го прашувам таксистот што значи тоа, а тој "распалува" со историски факти. Пред да се населат првите Европејци, на тоа место живееле неколку индијански племиња, но најголемо било племето Ute. Во 1847 г. доаѓаат новите "газди" на територијата - прогонетите мормони, кои поради несогласувањето со Католичката црква бараат нова територија за да живеат со своите уверувања. Оттогаш, па с¢ до денеска, Јута, т.е. Солт Лејк Сити, е вистинското место за многумина, не само за мормоните. Функционира одлично. Мало и питомо гратче (речиси милион жители). На прв поглед досадно... но, кога ќе ги откриеш скриените убавини, се приврзуваш со него, како што се приврзуваш за гостопримливите домаќини. Тука луѓето не брзаат по улиците со кафе в рака. И јас мирно си пешачам кон мојата редакција и полека разгледувам "шо имат, шо немат". Буквално, уште првиот ден, во 15-минутната прошетка кон работа, запознав тројца нови пријатели (банкарот Арсен, по потекло од Камерун, Лиза, девојката од кафе-барот која ми правеше прекрасно кафе секое утро, и уличниот џез трубач Мајк) кои покрај искреното "добро утро", веднаш забележаа дека не сум тукашна и започнавме пријателски разговор. Така оди тоа во овој град. Шетајќи по улиците, на секој агол ме изненадуваа интересни градби со своја приказна (најстарата куќа, орловата капија, фамилијарната библиотека, театарот, плоштадот на храмовите, итн.). За разлика од Вашингтон, овој град живее и дење и ноќе. Можеби не толку бурно, но, сепак, интересно. Бројни кафе-барови и прекрасна разновидна кујна. Персоналот насмеан до уши, буквално успева да ти го "купи" бакшишот. Од друга страна, пак, има и безброј мали изненадувања во соседната околина на Солт Лејк. Планините с¢ уште се во олимписки "филм". Секој ден има бесплатни тури до високата скијачка скокалница и боб-патеката, а може да се посети и Олимпискиот музеј. Има многу места да се видат и да се доживеат тука. Колегите, како вистински домаќини, беа љубезни да ми покажат колку што може повеќе (историски моменти, театар, индијанска уметност, прошетка по планински кањони, забава во џез, блуз и традиционален кантри стил...). Но, претходно морав да ветам дека ќе се вратам повторно. Заслужија!
напиÑа maryво 9:36 AM
2 ÐоменÑаÑи:
MT вели...
Интересно...Не сум знаел дека во Salt Lake City живеат мормони. Ете зошто кога се закачувам на интернет од Marriott хотелите секогаш конекцијата е иницирана токму од Salt Lake City (без разлика каде се наоѓам). Инаку имав колега мормон, навистина чуден лик. Не знаев дека не смеат да пијат кафе и кока кола, но твојот текст објаснува зошто тој секогаш пиеше вода (за време на оброци во ресторан). Но сепак Марк беше одличен и искрен пријател. Околу гостопримството, мислам дека во САД се ретки градовите кои може да ти го пружат тоа задоволство. За Memorial Day бев во Toronto и морам да кажам дека таму за прв пат откако сум дојден во САД го осетив духот на граѓаните, духот на еден град, луѓето се супер, топли, гостопримливи, фини ... Anyway, екстра ти е текстот.
09 June, 2006 15:22
mary вели...
Не само шо не смеат да пијат кафе и кока кола, туку и ред други правила имет, чудни секако :)
12 June, 2006 09:54
<< my way
|
mary
...Ñакам да ги гледам неÑÑаÑа Ð¾ÐºÐ¾Ð»Ñ Ð½Ð°Ñ Ð½Ð° необиÑен наÑин...
ÐÐСТÐÐÐ
Чудна тишина
Три Америки
Мјузикл
Столбови
Дома
Bakshish
Cherry Blossoms
Stop the Vietnam war!!!
China town in the DC
Washington, D.C. - ubistvena nokna tisina
ÐÐÐÐÐÐÐ
Site blogovi zaedno
ÐвиÑа
Ðобан
moonwatcher
ÐвÑаÑоÑ
ÐÑкаÑо
Ðала
Dwr Budr.
Ðакедоблог
Ania
Moby
Panta Rei
ÐомÑникаÑии
ÐÐ°Ð³Ð¾Ñ Ð¿ÑавникоÑ
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Ðалина
Etna
Daydream
ÐлобникоÑ
Ðопек
ÐÐÐÐÐÐÐ
ÐаÑди
Blogger
ÐикипедиÑа
ÐлогеÑаÑ
E-MAIL
sivjache@yahoo.co.uk
|