Ова се столбовите од Кулите близначки, зградите што сега, нели, ги нема, во Њујорк. Американциве и од тоа знаат да направат нешто. Ги лупнале во музеј, секој да може да ги види. Што е најинтересно, за џабе, без пари. Во Вашингтон, меѓу Линколн меморијал и Капитол хил, има комплекс на музеи (Смитсонијан музеи). Ги има за - уметност, историја, вселена, природа и наука, градина на скулптурите... И сите се БЕСПЛАТНИ. Умот да ти застанит дур ги шеташ.
напиÑа maryво 1:37 PM
7 ÐоменÑаÑи:
вели...
Smithsonian Institutot e vladina stvar, vospostaven od vladata so budzet od vladata, plus NVO donacii, vo obid umetnostite i istoriskite lekcii da im bidat dostapni na site. Zatoa se bez pari. Vo New York a i vo ostanati gradovi, kolku sto znam, retko muzej bez pari.
18 May, 2006 18:02
mary вели...
Така де, Владини се. Ама, јас немам ништо против што Владата на САД ми овозможи без пари да видам такви поставки. И другите посетители не беа против. А во другите градови, и во Њујорк, си постојат влезници за музеите. Нормално. На почеток можеби цетата ќе изгледат висока, ама откако ќе влезиш внатре, ќе прошеташ, ќе видиш, мислењето ќе се изменит. Сосема е ОК и да се плаќа за музеј кој може да ти презентира секакви богатства.
19 May, 2006 10:16
вели...
Ne se bunam ni jas, samo sakav da doslovam kako toa e mozno i kolku e bitno ustvari da e vmesan del od budzetot za kultura vo takvi raboti. Ne sekoj amer moze da ide vo MET i da go vidi 'se' od ednash, ama moze da ide vo Smithsonian i go vidi Monet i Manet i Picasso koga ke naletaat, pogledne istorija, da pogledne cuda na prirodata... Nesto shto vo Makedonija fali. Ama taa ti e. Nejse, ti go procitav natpisot vo forum - drago mi e deka si imala ubavo iskustvo.
19 May, 2006 18:31
вели...
Еееј, комшике, да знаеш што ми се случи денес! Кај мене во влез од зграда , кај што се поштенските сандачиња, стоеше едно писмо, оставено од поштарот кој не ја знае вистинската адреса и го мрзи да ја бара, па по којзнае кој пат остава писмо на милост и немилост да стигне на вистинската адреса. Од такт се вадам кога ке видам такво нешто! Неколку такви писма имам вратено во пошта ама очигледно ништо не превземаат за да го превоспитаат поштарот. Денес, залутаното писмо беше адресирано до тебе (беше испратено од некоја типка со твое презиме од твојот роден град). Прво мислев да го вратам во пошта (бидејќи во писмото немаше пари. (Се зезам!:)) ама ми текна дека ќе помине цела недела додека писмото да стигне (повторно на погрешна адреса) па решив да ти го оставам писмото во сандаче. Влезот ви е катастрофа! Доле имаше само едно сандаче, па морав да изигравам Амели Пулен и да се качувам по скали. Ти го оставив писмото закачено на врата. Кога се вратив дома, помислив дека некои клинци можат да го дрпнат писмото и дека џабе сум изигравал поштар (песимиста, јеби га!). ...Абе, кога се запознавме (во "Медиум"), ти ветив дека кога ќе те видам на тераса, ќе ти мафтам, ама фала богу, ти слабо излегуваш на тераса, а и јас сватив дека не би можел да бидам опуштен дома ако знам дека ме гледа некој од карши, па решив да не ти мафтам:) ... Не е фер! Ти си еде спрат повисоко, па можеш да ѕиркаш кај мене во соба. ...И овојпат, ти да појдеш во пошта и лом да ги направиш! Можеш да напишеш текст во Форум, за тоа колку сме совесни и (не)посветени на работата што ја работиме, колку сме рамнодушни а постојано се чудиме зошто пропаѓаме... ...А можеш и да му кажеш фала на комшијата што ти го спаси писмото ;) Поздраф!
21 May, 2006 04:53
mary вели...
:) Не ми се верува!!! Добро комши кај го најде блогов? Заебана пошта, шо да ти кажам. А уште позаебан влез :) Не се дружам во последно време со птиците на тераса, ме нема. Ама мора да ти признам дека заборавив на кој спрaт си ти од зградата спроти мене, така да, не се секирај и да сум на тераса не знам во кој прозорец да ѕиркам ;) БЛАГОДАРАМ за спасеното писмо, драг комшија со дух како на Амели Пулен. Те нема нешто во Медиум...
22 May, 2006 10:18
mary вели...
ОК! Нормално дека нема само со БЛАГОДАРАМ да поминам. Пиши се кај Џас во тефтер, јас ќе платам (ако не се најдиме некој ден во Медиум).
30 May, 2006 10:21
yanmaneee вели...
cheap jordans supreme clothing supreme balenciaga yeezy boost 350 v2 goyard offwhite yeezys balenciaga supreme
23 July, 2020 00:30
<< my way
|
mary
...Ñакам да ги гледам неÑÑаÑа Ð¾ÐºÐ¾Ð»Ñ Ð½Ð°Ñ Ð½Ð° необиÑен наÑин...
ÐÐСТÐÐÐ
Дома
Bakshish
Cherry Blossoms
Stop the Vietnam war!!!
China town in the DC
Washington, D.C. - ubistvena nokna tisina
Патетичен Оскар
Сивјаци
Кој е најтежок?
Смислата на...
ÐÐÐÐÐÐÐ
Site blogovi zaedno
ÐвиÑа
Ðобан
moonwatcher
ÐвÑаÑоÑ
ÐÑкаÑо
Ðала
Dwr Budr.
Ðакедоблог
Ania
Moby
Panta Rei
ÐомÑникаÑии
ÐÐ°Ð³Ð¾Ñ Ð¿ÑавникоÑ
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Ðалина
Etna
Daydream
ÐлобникоÑ
Ðопек
ÐÐÐÐÐÐÐ
ÐаÑди
Blogger
ÐикипедиÑа
ÐлогеÑаÑ
E-MAIL
sivjache@yahoo.co.uk
|