Долго време имав некоја одбивност кон мјузиклите, и филмските и оние на штици. Не знам зошто. Едноставно, не ги сакав и не ги ни гледав (ама ги слушав мелодиите на албуми или, пак, на радио). На пример, добро познатиот мјузикл Коса првпат го гледав пред три-четири години на една од нашиве телевизии. Приказната ми се бендиса, ама пак некако не ме привлече да гледам приказна низ песна. Да се раскаже цело сценарио со пеење?! Не дека не се добри мелодиите. Албумот од мјузиклот го имам од поодамна. И не само тој албум-мјузикл. Во скромната музичка колекција имам неколку такви. Можеби оваа моја "фобија" од мјузикли доаѓа од тоа дека како малечка (6-7 години) успеав да се шверцувам со неколку другарчиња на познатата опера (знам дека операта нема врска со мјузиклот, ама јас мислам дека има врска со моето одбивање да гледам пеење на сцена доооолго време) Кармина Бурана од Орф, на едно дамнешно отворање на Охридско лето, на сцената на Долни сарај во Охрид. И што се случи. Огромниот хор покриен со платно (им се гледаат само главите на хористите) згрме наеднаш и "страшната" мелодија започна да го следи пеењето. Се преплашивме и јас и другарчињата. Со трчање излеговме од културниот Сарај. Поминаа години, успеав да видам 2-3 опери, ама ниту еден мјузикл (додуша, малку ги има на македонските театарски сцени - ми текнува само на Чија си и Купидона, нека ми простат ако ги има повеќе). С¢ до оваа година. За три недели во САД - три мјузикла!!! После првиот, мислам дека станав зависник. The Cats, еден од најпознатите и најдолго изведуваните мјузикли во историјата, се поставува на сцената на Роџерс меморијал театарот во Солт Лејк Сити. Колегата Иван Линколн, новинар и театарски критичар, се обврза да ми го промени мислењето за мјузиклите откако слушна дека не ги милувам. Ме покани токму на Мачките. Ете ме мене во публиката, со доза скептицизам дека ќе ми се допадне. Два часа одлично пеење, танцување, сцена, осветлување... шоу. Не само што ми се допадна, туку мислам дека од целата публика во театарската сала, јас најмногу ракоплескав и викав "Браво!" И како награда за с¢, Иван ме изненади со покани back stage - after party. Уште два часа дружење со екипата која го направи ова прекрасно шоу. Споделив одлично искуство, им заблагодарив на сите што успеаја да ме натераат да се вљубам во мјузиклите. На пат кон дома, си ја свиркав мачкината мелодија. Другиот ден, прва работа што направив - прашав кога има нареден мјузикл! Одлично! За два дена, по повод Велигден, на локалната театарска сцена беше мјузиклот Сара, библиска приказна. Уште еднаш воодушевување. Но, вистинскиот мјузикл бум во мене се случи, каде ако не, на Бродвеј во Њјујорк. Сместена во хотел токму на улицата со најмногу театри, едноставно немав избор. Каде и да се свртиш, светликави реклами за познатите мјузикли (Убавицата и ѕверот, Чикаго, Фантомот од операта, Мама миа, Бојата на пурпурот...). Се одлучив за Rent, мјузикл кој веќе 10 години се изведува во еден од постарите театри. Е, ова беше вистинско зашеметување за мене. Забавен рок-мјузикл кој ме остави без здив. Инспиративна приказна за група уметници од Њјујорк кои се борат да преживеат, професионално да се пробијат и да ја најдат својата љубов, во тешката денешница. Лудница!!! Такво пеење, движење на сцена, сценографија, озвучување, музика (во живо), осветлување, не сум видела во животот. По претставата, овации од публиката. Аплаузот никако да стивне. Јас... се чувствував магично! Се наоѓав во светот на мјузиклите... и не сакав да излезам.
(текстот е објавен во неделникот ФОРУМ плус бр. 34)
напиÑа maryво 9:54 AM
5 ÐоменÑаÑи:
вели...
Go imav istoto mislenje za mjuziklite dodeka ne ja vidov Cats (mojot prv mjuzikl vo zivo) na Broadway - po nekoja slucajnost, i srekja za ovoj 'ne vljubenik' vo toj tip na teatar imav srekja da ja gledam poslednata oficijalna pretstava na Cats na Broadway - the final show vo 2000 godina - oficijalno Broadway penzioniranje posle celi 18 godini - edna od najdolgo igranite mjuzikli na site vreminja. Za srekja ne prestanaa da ja igraat niz svetot - iako na broadway vekje ne ja igraat profesionalcite. Al e prestava koja te ostava bez zdiv. Mozesh da zamislis kako bilo na poslednata oficijalna - se vljubiv vo mjuzikli. Drago mi e da si imala sansa da ja vidish.
05 June, 2006 21:41
mary вели...
Уффф....не можам да замислам, до пред некое време не сакав мјузикли, а сега ти љубоморам шо ја гледаше последната официјална Broadway "The Cats" :)
06 June, 2006 11:45
вели...
Karmina Burana ne e opera,tuku e oratorium;nekade ke go najdete kako go narekuvaat i kantata.Sepak, ona shto go izdvojuva e toa shto e delo na kompozitor koj pishuval vo 20 vek,iako pridrzhuvajki se sepak samo delumno na tradiciite na prethodnite majsotri(zamislete oratorium na Bach,Handel ili nekoj od ostanatite barokni majstori!nitu najmalku ne nalikuva na ovoj na Orff!)...no poentata veke ja izlozhiv.Na kraj, shtom stravot od Karmina Burana ischeznal,verojatno ke ja ima 21 Juni 2006 na Skopsko Leto,vo izvedba na ansamblot na MNT(verojatno,koj drug?):)
10 June, 2006 03:33
mary вели...
е не знаев дека не е опера....нејсе, шо и да е.....пак ќе ја гледам :)
12 June, 2006 09:52
вели...
lamictal and birth control pillsdrugs prevacid
[url=http://www.bebo.com/buylevitraonline1]buy levitra online with fast delivery[/url]
23 February, 2010 14:58
<< my way
|
mary
...Ñакам да ги гледам неÑÑаÑа Ð¾ÐºÐ¾Ð»Ñ Ð½Ð°Ñ Ð½Ð° необиÑен наÑин...
ÐÐСТÐÐÐ
Столбови
Дома
Bakshish
Cherry Blossoms
Stop the Vietnam war!!!
China town in the DC
Washington, D.C. - ubistvena nokna tisina
Патетичен Оскар
Сивјаци
Кој е најтежок?
ÐÐÐÐÐÐÐ
Site blogovi zaedno
ÐвиÑа
Ðобан
moonwatcher
ÐвÑаÑоÑ
ÐÑкаÑо
Ðала
Dwr Budr.
Ðакедоблог
Ania
Moby
Panta Rei
ÐомÑникаÑии
ÐÐ°Ð³Ð¾Ñ Ð¿ÑавникоÑ
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Ðалина
Etna
Daydream
ÐлобникоÑ
Ðопек
ÐÐÐÐÐÐÐ
ÐаÑди
Blogger
ÐикипедиÑа
ÐлогеÑаÑ
E-MAIL
sivjache@yahoo.co.uk
|