Да имаш долга и убава коса значи и да бидеш на утешното трето место на топ-листата на мажите. Првите две места се резервирани за градите и задникот. Значи, ние две влегуваме во таа категорија, бидејќи за жал, првите два атрибути, не ги поседуваме во голема мера. Не се жалиме! Си ја имаме ние косата, и тоа не оној тип на shiny, тазе фарбана со најновиот изум на L`Oreal и испеглана (дома со пегла или “професионално” во салон), туку коса од видот на рустикално- банту-варварско-бушав карактер. Со други зборови, чешел...чат-пат! Сања: Никој не ми верува дека локните (како оние во барок) се природни. Дури ме застанувале по улица да ме прашаат кај кој стилист сум го правела фризот?! Да не зборувам па за вратарите во клубовите. Стандард: со поглед на сериски убијци ме застануваат на врата “демек” да почекам и се избацуваат со прашањето: Еј, девојко, имаш многу интересна коса (шмекери, нема што)! Барем ме препознаваат наредниот пат кога сакам да влезам негде. Мери: Ме викаат банту црнче, бушавко, а јас си мислам дека најмногу личам на глуварче (вид цвеќе). Не веруваат дека ова на главата ми е природна коса. “Нема шанси!”, викаат и потоа следи рачно испитување од нивна страна дали косата ми е природно бушава или не. Секој втор ме прашува “шо ти текна ладна фризура да правиш?” Каква ладна луѓе!!! Таква ми е! И си ја сакам, да ви кажам право. Многу луѓе имаат мерак да ми ја испеглаат косата, ама јас им велам “њет и точка”! Е сега да направиме еден историски пресек. Во древниот Египет жените ја носеле косата залепена за главата (залижана), а за свечености додавале црни локни и разни златни украси во косата. Класичната Гркинка ја носела косата долга и зафатена нагоре во т.н. пунџа, како Јованка Броз. Се фарбала црвена, а за украс на косата прскала златеста пудра. Римјанките први почнале да се интересираат за т.н. hair style. Тие биле “плавуши”, почнале да носат перики наравени од косата на робовите, а нај-cool фризура биле локните и високо креаната коса. На ориенталниот исток, традиционално жените ја криеле косата во јавност со разни фереџиња. Значи, немаме абер шо мода терале под превзот. Ама затоа имале модерни фереџињата и изгледале ептен мистично и секси за нивните мажи. Немажените Кинески ја носеле косата прицврстена со украсни стапчиња во јазол. Фројдовски ова би значело: очајна по секс, секс, секс... Јапонските гејши, пак, три саати поминувае во подготвувањето на косата. Кој би рекол дека Јапонците толку се палат на убаво средена коса. Еве ги сега нашите фризури. Во Афричките племиња жените или ги бричеле косите, или ја оставале да расте во наш стил. А на нивните традиционални журки, кога сакале да се направат јаки женски, ги плетеле во традиционални плетенки. А индијанките имале долги коси, најчесто рамни. Мажите не се палеле по виткани коси (значи, ние не сме за таму), ама пердувот на косата играл голема заводничка улога. Шо поубав пердув то појака женска. Не знаеме сега домородците како ќе реагираат на пердувите со актуелниов причји грип. Европска ренесанса: овие госпожи трпеле огромна болка за да изгледаат убаво. Имено, колку што можеле повеќе ги кревале косите високо над челото, понекогаш дури и ги бричеле првите влакна од косата, само за да им се гледа челото! И дамиве седеле што подолго на сонце за да им се осветли косата. “Свашта”! Во18 век доаѓа комбинацијата на виткана коса со украсни локни (види ја Сања и јасно ќе ти биде). Бучните дваесетти ја донесоа кратката и брановидната фризура ознака за независните жени, а таквата била in и во четириесеттите. Тешки за косата беа педесеттите заради разно-разните препарати (лакови, гелови, фарби, итн. итн.). Логично, тогаш започнува панк ерата, ама никој не ги забележа тогаш. Во шеесеттите комплексните фризови биле дефинитивно out (повторно наша ера). Жените станале кариеристки и им требала коса која брзо ќе ја средат. Следи хипи ерата. Урааа!!! Долга, слободно пуштена и природна се епитетите на косата во седумдесеттите. Цвет на глава и живи го животот како сакаш ти, а не другите. Осумдесеттите (се родивме ние две) продолжуваат со слободата во креирањето на фризурите: долга, кратка, фарбана, (не)средена, сукана, ексцентрична... секаква. А, деведесеттите ја донесоа окупацијата со изгледот на косата. Бум на “плавуши”. Косата е веќе секс елемент на секоја жена. Денес? Ама знаете веќе и сами која фризура е во мода, нели? Се среќава од секој горе опишан период по нешто. Ете, косата е дел од човекот во секој дел од историјата. Кој каква фризура има, на крај, и не е многу важно. А мажите?! Тие нека се позанимаваат малку со нивната коса, а не со градите, задникот и косата на жените.
(Текстот е претходно објавен во неделникот Форум плус. Автори се Сања и јас)
напиÑа maryво 1:56 PM
3 ÐоменÑаÑи:
вели...
Posto gleam deka nikoj d sea ne iskomentiral, aj, jas neso da napisham (citaj: greota sme). pa, otkako go procitav tekstot po povekje mesecna distanca, Ok mi e (se zgaziv) ama nie ne sme zdravi sho se sme staile u nego :)))
12 April, 2006 15:28
вели...
Hello. And Bye.
20 March, 2010 20:11
bridal sets under 200 вели...
Осумдесеттите (се родивме ние две) продолжуваат со слободата во креирањето на фризурите: долга, кратка, фарбана, (не)средена, сукана, ексцентрична... секаква. А, деведесеттите ја донесоа окупацијата со изгледот на косата. Бум на “плавуши”. Косата е веќе секс елемент на секоја жена. mattress protector necessary mattress protector with skirt
04 April, 2022 08:21
<< my way
|
mary
...Ñакам да ги гледам неÑÑаÑа Ð¾ÐºÐ¾Ð»Ñ Ð½Ð°Ñ Ð½Ð° необиÑен наÑин...
ÐÐСТÐÐÐ
Пуфи
Новогодишно прашање
Топ блог реклама
Временска прогноза
Го фанаа
Свежина
Nov vid postovi..........kako ne!
Антена 5 и MTV Adria
Е браво бе!!!
Закон е!
ÐÐÐÐÐÐÐ
Site blogovi zaedno
ÐвиÑа
Ðобан
moonwatcher
ÐвÑаÑоÑ
ÐÑкаÑо
Ðала
Dwr Budr.
Ðакедоблог
Ania
Moby
Panta Rei
ÐомÑникаÑии
ÐÐ°Ð³Ð¾Ñ Ð¿ÑавникоÑ
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Ðалина
Etna
Daydream
ÐлобникоÑ
Ðопек
ÐÐÐÐÐÐÐ
ÐаÑди
Blogger
ÐикипедиÑа
ÐлогеÑаÑ
E-MAIL
sivjache@yahoo.co.uk
|