Не се велит енѕеро, аман веќе еднуш сфатите. "Ориѓани се к'пет во енѕероно." Јас стварно не знам к'ј ви текна овај збор? Па уш и "ориѓани". Катастрофа. Во охридскиот дијалект немат збор енѕеро. Старите охриѓани велет ејзеро ("е" се изговарат меѓу "е" и "о"). Пример, "се к'пет в (е)јзеро". Ај како и да е. Нек ви стојт. Само да знајте дек грешите. Туку, среќа шо го имаме езероно покрај градон (иако на лето малу го пцујаме з'ш зарди него идет скопјаништана и гужви прает). Цел живот на охриѓани е врзан за езероно (претпоставувам и на стружани, и на луѓено од селата покрај езеро, и на оние од албанска страна). Есен, зима, пролет... лето! Таман се стопли времево. Сеа бубачките во главчињата на децана почвет да беснет, и прво нешто шо им теквит на топлово време е да се иск'пет в езеро (и мене ми беснеа бубачиња в главче ко бев мала... до душа и сега се тука). Арно ама, "немат к'пење в ејзеро дур не се стопит снегон на Галичица!" (а се топеше на крајот на јуни), велет постарите охриѓани, т.е. баба или дедо. И финтата е како да се избегат од дома, да ојш на плажа, да се пикниш во вода, да се пофалиш пред другарчињата дека прв си ја почнал летната сезона, ама да не те дознает дома. А ко ќе се отворит вистински сезоната, други убај моменти идет на ред. На пример, во сезона се "пушташе" и спортскиот риболов, т.е. "одењето на блинкер" (сега секаков риболов во Охридско езеро е забранет со закон). Е то беше ритуал. Станвиш сабајле околу 3 сатот, надвор темница, гајбето со блинкерите, кепчето и дозволата за блинкер стокмени, грабаш два три сендвичи, пентата на рамо, и правец кон кајчето. Ги водениш пражниците (дрва на кој се креват кајчето), го туркаш, местиш весла, се прек'рствиш и правец сред езеро. Околу тебе 150 кајчиња (сите го поминале овој ритуал). Тивки муабети (за да не се плашет рибите), изгрејсонце, надеж за некое рипче кое ќе го клајш на жар одма ко ќе стигниш дома и ќе го залијаш со бело вино. Нас ко деца н¢ земаа на блинкер, ама ние си имавме и свој начин на фашчање рибчина - со потонати ќесина и тегли во кој ќе клаевме леб, и уш поголема надеж дека некоја голема риба ќе влезит н'тре и ќе ја фатиме. Интересна работа, со јадици многу мерак немавме да фашчаме риби. Ама сепак, најзабавно е к'пењето. Охриѓани велет "одење на по една бана". Најубо е к'пење сабајле, и на зајдисонце - ко ќе немат гужва, а исто и плажата да е со камења а не со песок, з'ш почиста е водата. И уш езерото тепсија (мирно) да ти се погодит, мерак. А пак и да зароскат и малу дош, уф, уф, уф... Со се пљачки мојш да скокниш од многуте мостиња и карпи по плажите. И то, како сакаш скокај - главачки, клопче, клинец, бомба, а ако немаш абер од скокање, и штица мојш да падниш. Нејсе, уживање е и к'пење на вечер (по 10-11 сатот). Ама цела слика се менвит во последно време. Модава донесе разно разни поинакови, за мене несфатливи начини на уживање. Џанам, туристички град. Кајчарине с¢ помалу ги возет туристите околу езеро, им раскажвет за Охрид на малку сватлив, ама сладок англиско-германски-италијанско-руски јазик, ги частет гостите со домашна ракија или ладно пиво дур трајт турата (шишињата се ладет препуштени длабоко в езеро, врзани со фортома). А и без платно можит да ве возет. Сега секој си имат скутер или глисер, и фрчет на секој пет минути низ езеро. Да ти е страв да попливаш малу подлабоко. Друга нова работа се фенси журките на брод, демек крстарење, и пијанки. А и многу кафичи и шанкој покрај езеро никнаа. Се изнапишав. Мислев да се карам со вас малу појќе, ама ми падна жал, а и нејќам да ми се наљутет скопјани. Можит да ме протетрет од метрополава утре. Нејсе, можда ќе си најдам убајна и во сета оваа мода. Ехеее... уш колку работи может да се кажет за езероно... Ладно пиво со друштво покрај езеро никогаш немат да изумрит. И шопска. А кога сме веќе кај шопска, не се велит немит ренде (бесплатен час по охридска граматика - глаголот нема се менвит вака: јас немам, ти немаш, тој/таа немат, ние немаме, вие немате, тие немет). И на крај, не се гирици! "Кенлер (со меко "л"), донеси една порција плашици!"
(текстот е објавен во ФОРУМ плус)
напиÑа maryво 2:29 PM
1 ÐоменÑаÑи:
вели...
Нас ко деца н¢ земаа на блинкер, ама ние си имавме и свој начин на фашчање рибчина - со потонати ќесина и тегли во кој ќе клаевме леб, и уш поголема надеж дека некоја голема риба ќе влезит н'тре и ќе ја фатиме. Интересна работа, со јадици многу мерак немавме да фашчаме риби. limelight summer collection stitched limelight eid collection stitched
04 April, 2022 08:22
<< my way
|
mary
...Ñакам да ги гледам неÑÑаÑа Ð¾ÐºÐ¾Ð»Ñ Ð½Ð°Ñ Ð½Ð° необиÑен наÑин...
ÐÐСТÐÐÐ
New York, New York...
ВИСОКАТА ПУСТИНА
Чудна тишина
Три Америки
Мјузикл
Столбови
Дома
Bakshish
Cherry Blossoms
Stop the Vietnam war!!!
ÐÐÐÐÐÐÐ
Site blogovi zaedno
ÐвиÑа
Ðобан
moonwatcher
ÐвÑаÑоÑ
ÐÑкаÑо
Ðала
Dwr Budr.
Ðакедоблог
Ania
Moby
Panta Rei
ÐомÑникаÑии
ÐÐ°Ð³Ð¾Ñ Ð¿ÑавникоÑ
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Ðалина
Etna
Daydream
ÐлобникоÑ
Ðопек
ÐÐÐÐÐÐÐ
ÐаÑди
Blogger
ÐикипедиÑа
ÐлогеÑаÑ
E-MAIL
sivjache@yahoo.co.uk
|