my way
This is my way of seeing things around us.
 

Мјузикл


Долго време имав некоја одбивност кон мјузиклите, и филмските и оние на штици. Не знам зошто. Едноставно, не ги сакав и не ги ни гледав (ама ги слушав мелодиите на албуми или, пак, на радио). На пример, добро познатиот мјузикл Коса првпат го гледав пред три-четири години на една од нашиве телевизии. Приказната ми се бендиса, ама пак некако не ме привлече да гледам приказна низ песна. Да се раскаже цело сценарио со пеење?! Не дека не се добри мелодиите. Албумот од мјузиклот го имам од поодамна. И не само тој албум-мјузикл. Во скромната музичка колекција имам неколку такви.
Можеби оваа моја "фобија" од мјузикли доаѓа од тоа дека како малечка (6-7 години) успеав да се шверцувам со неколку другарчиња на познатата опера (знам дека операта нема врска со мјузиклот, ама јас мислам дека има врска со моето одбивање да гледам пеење на сцена доооолго време) Кармина Бурана од Орф, на едно дамнешно отворање на Охридско лето, на сцената на Долни сарај во Охрид. И што се случи. Огромниот хор покриен со платно (им се гледаат само главите на хористите) згрме наеднаш и "страшната" мелодија започна да го следи пеењето. Се преплашивме и јас и другарчињата. Со трчање излеговме од културниот Сарај.
Поминаа години, успеав да видам 2-3 опери, ама ниту еден мјузикл (додуша, малку ги има на македонските театарски сцени - ми текнува само на Чија си и Купидона, нека ми простат ако ги има повеќе). С¢ до оваа година. За три недели во САД - три мјузикла!!! После првиот, мислам дека станав зависник.
The Cats, еден од најпознатите и најдолго изведуваните мјузикли во историјата, се поставува на сцената на Роџерс меморијал театарот во Солт Лејк Сити. Колегата Иван Линколн, новинар и театарски критичар, се обврза да ми го промени мислењето за мјузиклите откако слушна дека не ги милувам. Ме покани токму на Мачките. Ете ме мене во публиката, со доза скептицизам дека ќе ми се допадне. Два часа одлично пеење, танцување, сцена, осветлување... шоу. Не само што ми се допадна, туку мислам дека од целата публика во театарската сала, јас најмногу ракоплескав и викав "Браво!" И како награда за с¢, Иван ме изненади со покани back stage - after party. Уште два часа дружење со екипата која го направи ова прекрасно шоу. Споделив одлично искуство, им заблагодарив на сите што успеаја да ме натераат да се вљубам во мјузиклите. На пат кон дома, си ја свиркав мачкината мелодија.
Другиот ден, прва работа што направив - прашав кога има нареден мјузикл! Одлично! За два дена, по повод Велигден, на локалната театарска сцена беше мјузиклот Сара, библиска приказна. Уште еднаш воодушевување.
Но, вистинскиот мјузикл бум во мене се случи, каде ако не, на Бродвеј во Њјујорк. Сместена во хотел токму на улицата со најмногу театри, едноставно немав избор. Каде и да се свртиш, светликави реклами за познатите мјузикли (Убавицата и ѕверот, Чикаго, Фантомот од операта, Мама миа, Бојата на пурпурот...).
Се одлучив за Rent, мјузикл кој веќе 10 години се изведува во еден од постарите театри. Е, ова беше вистинско зашеметување за мене. Забавен рок-мјузикл кој ме остави без здив. Инспиративна приказна за група уметници од Њјујорк кои се борат да преживеат, професионално да се пробијат и да ја најдат својата љубов, во тешката денешница. Лудница!!! Такво пеење, движење на сцена, сценографија, озвучување, музика (во живо), осветлување, не сум видела во животот. По претставата, овации од публиката. Аплаузот никако да стивне. Јас... се чувствував магично! Се наоѓав во светот на мјузиклите... и не сакав да излезам.

(текстот е објавен во неделникот ФОРУМ плус бр. 34)




Столбови


Ова се столбовите од Кулите близначки, зградите што сега, нели, ги нема, во Њујорк. Американциве и од тоа знаат да направат нешто. Ги лупнале во музеј, секој да може да ги види. Што е најинтересно, за џабе, без пари. Во Вашингтон, меѓу Линколн меморијал и Капитол хил, има комплекс на музеи (Смитсонијан музеи). Ги има за - уметност, историја, вселена, природа и наука, градина на скулптурите... И сите се БЕСПЛАТНИ. Умот да ти застанит дур ги шеташ.




mary

...сакам да ги гледам нештата околу нас на необичен начин...

ПОСТОВИ
Писмо
Ало?!
Кловнови
Дожд
Одмор
ЕНЅЕРО
New York, New York...
ВИСОКАТА ПУСТИНА
Чудна тишина
Три Америки

АРХИВА
April 2005
May 2005
June 2005
July 2005
August 2005
September 2005
October 2005
November 2005
December 2005
January 2006
February 2006
March 2006
April 2006
May 2006
June 2006
July 2006
September 2006
October 2006
November 2006

БЛОГОВИ
Site blogovi zaedno
Ивица
Бобан
moonwatcher
Овчарот
Букаро
Лала
Dwr Budr.
Македоблог
Ania
Moby
Panta Rei
Комуникации
Загор правникот
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Калина
Etna
Daydream
Злобникот
Попек

ЛИНКОВИ
Најди
Blogger
Википедија
Блогерај

E-MAIL

sivjache@yahoo.co.uk