Сe на сe, до сега, сум добила три писма. Само три! (Наполеон Бонапарта, славниот француски водач и брилијантен воен ум, бил и страстен пишувач на писма - напишал околу 75.000 писма во неговиот живот, многу од нив до неговата жена Жозефинa). Значи, зборувам за оние, "вистинските" писма, како наполеоновите: ракописно напишани, на лист хартија (содржината може да биде каква било - пријателска, љубовна...), листот превиткан два-три пати, ставен во плико, адресирано - исто така ракописно, со поштенска марка на која има печат од пошта... Од друга страна може да се "пофалам" со напишани три или четири писма, и тоа "вистински". Слушајќи ја Love Letter од Nick Cave која раскажува за изгубената љубов која се надева дека ќе му се врати откако ќе го прочита неговото "љубовно писмо исполнето со надеж", мислам дека најжалосно е што никогаш не сум добила ниту пак испратила токму љубовно писмо (Лудвиг ван Бетовен, генијалниот и мистериозен композитор, напишал бројни љубовни писма до неговата никогаш не откриена за светот љубовница, која едноставно ја нарекувал Моја Бесмртна љубов, но сепак, Шекспир е оној кој со своите сонети најубаво го доловил шармот на љубовните писма, на емоционалното пишување). И сигурна сум дека не сум сама во оваа жалосна приказна. Цела моја генерација е лишена од привилегијата на пишување писма (секоја чест на малкуте исклучоци). Денес сe што добивам по пошта, во вид на писмо, е: сметка за мобилен телефон, сметка за фиксен телефон, сметка од банка, здравствени картончиња... Жедта за писма во мене се јавува со првото Писмо до непознато другарче кое го сретнав во 4-то одделение, за жал пратено до мое другарче а не до мене. Мислам дека тие две, сега познати другарчиња, сe уште си пишуваат, и развија убаво пријателство. Е токму од тогаш посакувам писма, посакувам да ги собирам, да ги сортирам, врзани со коноп, ставени во кутија, "скриени" под кревет, па кога ќе посакам да можам да си ги земам во рака сите мисли кои некој ги ставил на хартија, упатени до мене, и да ги читам, да ги пречитувам (Ненси Реган ги чувала сите писма што и ги пратил нејзиниот маж Роналд Реган, претседател на САД, означувајќи ја кутијата во која ги чувала со Моето најголемо богатство). Улогата на писмата во комуникацијата суштински е променета од 19 век (развој на технологијата - телеграф, телефон, а денес Интернет). Историски, писмата биле единствени доверливи средства за комуникација помеѓу луѓето на различни локации. Тие постојат од антички Египет и Сумер, па низ Рим, Грција и Кина, се до денес (иако со изменета улога). Не дека ги немало и официјалните писма во тоа време, како што ги има и сега, но бројот на личните писма бил многу поголем отколку денес. Баш ме интересира дали во светот, од неговиот почеток, па се до денес, се испратени повеќе лични писма или пак e-mail-ови? Тајноста на писмата, е правен принцип во Уставите на неколку Европски земји и во Америка. Се гарантира дека писмата кои се пратени никогаш нема да бидат отворени од владините служби или од некој друг (што ли ќе му се случеше на физичарот - нобеловец Алберт Ајнштајн, ако му ги "провалеа" писмата упатени до американскиот претседател Френклин Рузвелт во август 1939 г. - месец пред почетокот на Втората Светска војна - со кои предупредува на можноста дека Германија може да развие атомска бомба?). Но, да се вратам на мојата тага по писмата... И јас сум потпаднала на технолошкиот развој. И да имам време и можност (да сум доволно далеку и долго од сите за да напишам писмо) пак ќе посегнам по телефонот или ќе застанам пред компјутер и ќе напишам e-mail. Не велам дека е тоа лошо, ама да разјасниме - sms пораките не се писма, кратките пишани пораки исто така, а e-mail-овите во никој случај не можат да се наречат писма. Недостасува магијата на рачно напишаното писмо, нели? Недостасува интимноста на пишување на писмо. Недостасуваат спомени. Ќе речете фотографии, сувенири... Да, ама тие ги немаат мислите, она личното што го имаат зборовите испишани на хартија. Наречете ме носталгична, ама тоа е. Мислам дека токму сега ќе почнам да пишувам писмо...
напиÑа maryво 2:29 PM
4 коменÑаÑи
|
mary
...Ñакам да ги гледам неÑÑаÑа Ð¾ÐºÐ¾Ð»Ñ Ð½Ð°Ñ Ð½Ð° необиÑен наÑин...
ÐÐСТÐÐÐ
Писмо
Ало?!
Кловнови
Дожд
Одмор
ЕНЅЕРО
New York, New York...
ВИСОКАТА ПУСТИНА
Чудна тишина
Три Америки
ÐРХÐÐÐ
April 2005
May 2005
June 2005
July 2005
August 2005
September 2005
October 2005
November 2005
December 2005
January 2006
February 2006
March 2006
April 2006
May 2006
June 2006
July 2006
September 2006
October 2006
November 2006
ÐÐÐÐÐÐÐ
Site blogovi zaedno
ÐвиÑа
Ðобан
moonwatcher
ÐвÑаÑоÑ
ÐÑкаÑо
Ðала
Dwr Budr.
Ðакедоблог
Ania
Moby
Panta Rei
ÐомÑникаÑии
ÐÐ°Ð³Ð¾Ñ Ð¿ÑавникоÑ
PLAYA
domenica
sandra
streets of dublin
maalo
sash
Ðалина
Etna
Daydream
ÐлобникоÑ
Ðопек
ÐÐÐÐÐÐÐ
ÐаÑди
Blogger
ÐикипедиÑа
ÐлогеÑаÑ
E-MAIL
sivjache@yahoo.co.uk
|